Понеделник во портокалова ролка и бели панталони
•
4 март 2019
Првиот ден од работната недела се разбудивме со прекрасно сонце во градот, а тоа секогаш значи желба за дотерување.
Денеска да блеснеме во елегантна комбинација составена од бели панталони со висок струк и портокалова ролка која е како создадена за ова време.
Одозгора, комбинацијата надополнете ја со некое стилско палто по ваш избор, црни високи потпетици и романтична пролетна чанта.
Имајте успешен старт на работната недела!
Фото: Pinterest