Сабота во бел фустан од тантела
•
13 јули 2019
Оваа сабота сме расположени навистина летно, па затоа и нашиот стајлинг е со таков предзнак. Бел миди фустан од нежна тантела е нешто што е вистински хит и оваа сезона, па затоа не двоумете се да имате еден таков во вашиот гардеробер.
Во конкретниот пример, здолништето е во А-форма, со мали карнери, а горниот дел е на прераки.
Искомбиниран е со влечки на висока потпетица со точкаст принт и чаничка во истите бои.
Очилата за сонце се секако задолжителен моден додаток.
На крајот, понесете ја и насмевката и имајте фантастична сабота!