СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Сабота во бледо жолто сатенско слип здолниште и бел топ
•
30 јули 2022
Добро утро!
Саботните утра се резервирани за бранч со пријателите. За овие прилики важно е да изберете комбинација во која ќе се чувствувате удобно пред сè, но секако, тоа не значи да се откажете од софистицираниот и елегантен стил по кој сте препознатливи во остатокот од неделата.
Со едноставен бел топ кој имитира корсет и едноставно бледо жолто сатенско слип здолниште, во комбинација со нежен и деликатен златен накит, сламена чанта и пријатни сандали, вие сте веќе подготвени да го освоите почетокот на викендот.
Уживајте во денот!