Сабота во целосно бела комбинација
•
14 декември 2019
Основната поента кај еднобојни комбинации, е да креирате слоевит ефект преку изборот на различни текстури, ткаенини, форми...
За нашиот денешен предлог за стајлинг, селектиравме целосно бела комбинација во која е направен спој на плетена ролка, волнен капут и бели панталони.
Ваквиот аутфит може да го надополните со плетена капа или шешир, како и со впечатлива мини чанта за преку рамо.