Сè уште уживаме во летото со сите негови благодети, а забавната и ноншалантна летна мода е една од најубавите страни на оваа сезона.
Плетените детали и модни додатоци му даваат особен стилски акцент на ова лето, па затоа нашиот избор за денешниот Must have е оваа шармантна плетена чанта од нашите соработнци Parfois.
Во правоаголна форма, со впечатливи мини детали во форма на музички ноти, оваа стилска плетена чанта е идеален моден додаток со кој ќе го надополните секој ваш изглед.
Може да ја носите преку рамо, со долга рачка или пак постои опција да ја носите и со кратка рачка. Може да ја комбинирате во вашиот летен сафари аутфит за време на вашиот летен одмор или пак да ја вклопите во елегантно-деловно издание за на работа.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Чанта: Parfois
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Ванеса Гоцева
Модна агенција: Моделс Ин