Must have: Мини чанта со везени детали
•
15 март 2018
Везовите како впечатливи детали аплицирани на облеката или модните додатоци, се актуелен тренд и оваа сезона.
Со везовите се оплеменува и наједноставното модно парче, па токму затоа дизајнерите често знаат да ги имплементираат во своите линии.
Нашиот денешен избор за „must have" е мини, шик чанта од Манго, во правоаголна форма, токму со везена апликација која е и централен детаљ кај овој моден додаток.
Се носи со кратка рачка – односно црно синџирче, а може да ја комбинирате и во кежуал, секојдневен стајлинг, но исто така совршено би го надополнила вашиот романтичен, вечерен изглед за некоја посебна пригода.