Сабота во црно-бела комбинација
•
27 јануари 2018
Оваа сабота ви препорачуваме црно-бела комбинација.
За впечатлив изглед, одберете бела блуза со широки ракави со украсни копчиња. Комбинирајте ја со црно здолниште во А крој и имате одличен аутфит за викенд забава.
Во оваа комбинација идеално се вклопуваат чизми до глужд на висока потпетица, мини чанта со златно синџирче и макси црн капут.
Не заборавајте на црвениот кармин за комплетен изглед.