Сабота во црвено и сино
•
14 јули 2018
Кога ќе кажеме сабота, мислиме на викенд и релаксација. Токму таква е и денешната комбинација. Нашиот предлог овој пат се фармерки со висок струк, што во пределот на половината имаат тенок ремен, а ногавиците на крајот завршуваат со ластик, што ги прави фармерките широки во ногавиците и лесни за носење.
Ги комбинираме со кошула на риги со асиметричен горен дел, црвени рамни сандали што се апсолутен хит и чанта исто така во риги.
Комбинацијата ја завршуваме со очила за сонце и ви посакуваме супер викенд!