Сабота е, ако ѝ веруваме на временската прогноза, ќе биде убаво времето и можете да го искорите за убави прошетки во пријатно друштво.

Кога е нашата предлог-комбинација во прашање, овој пат инспирацијата ја најдовме кај брендот Елена Лука.

Се одлучивме за кошула-фустан во бела нијанса, со јака, а долниот дел завршува во фалти, а го искомбиниравме со мек и топол блузон кој на половината има кожен мек ремен, кој дополнително ја истакнува.

кошула-фустан: 2.400 денари; блузон: 4.550 денари; рамни чизми: 2.160 денари; бели чизми: 7.500 денари; црни чизми: 2.50 денари; 

 

Карнерите од мрежа што завршуваат со рабови во црвена боја и буквите напред, го прават впечатливо парче, кое ќе можете да го комбинирате и на други начини.

Оваа комбинација, освен што е удобна и тренди, е мошне благодарна за комбинации.

Ако сакате полежерна комбинација, тогаш одберете рамни чизми или патики. Доколку пак, сакате малку повеќе да се истакнете, чизми до глужд на висока потпетица, се вистинскиот избор.

Што би одбрале вие?

 

Комбинацијата можете да ја најдете на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во продажните салони во ГТЦ на први кат и населба Аеродром.

Објавено:
20 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
711 пати