Get The Look: Син миди фустан + марама + чизми

24 март 2021

Ако ѝ веруваме на временската прогноза, од следната недела следуваат вистински пролетни температури, па зошто да не ги дочекате подготвени.

Ние инспирацијата за првите пролетни денови ја најдовме кај домашниот бренд Елена Лука и подготвивме комбинација во која може да се пронајде речиси секоја жена.

фустан: 2.500 денари;  марама: 1.100 денари;  чизми: 2.800 денари; 

Нашиот избор овој пат е миди фустан во пастелна сина нијанса. Има долги ракави кои завршуваат во карнери, а предниот дел е збогатен со ситни набори, кои го прават впечатлив и интересен. Ова е еден од најпопуларните модели фустани уште од минатата година, а нивната популарност ќе продолжи и во месеците што следат.

Со оглед дека и ракавите завршуваат со ластиче, можете да ги носите на раменици или слуштени, па да го претворите во модел со откриени раменици. За што и да се одлучите, ќе изгледате тренди и женствено.

Ние го искомбиниравме со свилен шал/марама во потемна сина нијанса и високи чизми во боја.

Впечатливо, нежно и совршено за пролет, нели?

 Комбинацијата е достапна на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во продавниците во ГТЦ на прв кат и во населба Аеродром. 

Објавено:
24 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
611 пати
Тагови: 
Елена Лука