Get The Look: Цветен фустан + блејзер + чизми

2 март 2021

Пролетта и убавото време вдахнуваат некое убаво расположение, а кога сме сончеви и насмеани, сакаме и добро да изгледаме.

Инспирирани од пролетта, а збогувајќи се со зимата која преку студеното ветре покажува дека изгледа не е  подготвена да си оди, пронуркавме меѓу парчињата на домашниот моден бренд Елена Лука и направивме комбинација, совршена за денови како денешниов.

фустан: 3.900 денари; блејзер: 2.900 денари; чизми: 2.520 денари; ремен-чанта: 700 денари

Мини фустан со карнери во живописна црвена нијанса со цветен принт и романтичен набор кај вратот и ракавите. Го искомбиниравме со бел блејзер со елегантен крој кој го следи колоритот на фустанот во ситни детали, а комбинацијата ја разбивме со чизми на висока потпетица до колена во доминантна жолта боја и мини чантичка во истата варијанта.

Комбинација соодветна за на работа, за на ручек со пријателките, за шопинг. 

Парчињата можете подетално да ги видите и купите на онлајн продавницата на Елена Лука, како и продажните простори во ГТЦ на први кат и населба Аеродром. 

Објавено:
2 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
737 пати
Тагови: 
Get the look