Get The Look: Плетен фустан + долг блејзер

24 февруари 2021

Во текот на пандемијата речиси сите ѝ се вративме на удобната облека, но сигурни сме дека повеќето имаат желба да се дотераат и да заблескаат и во некоја поинаква облека.

Инспирирани токму од овој момент, направивме избор од богатата понуда на домашниот бренд Елена Лука и составивме комбинација која е совршена за вечерно дружење со пријателите или некоја друга сакана личност

фустан: 2.100 денари; блејзер: 2.900 денари; шноли: 630 денари; обетки: 720 денари; чанта: 800 денари; сандали: 2.400 денари; 

 

Плетен фустан со ролка, кој ја следи линијата на телото и има интересен отвор во горниот преден дел е парче кое ќе ви го истакне сексапилот, а воедно ќе ви понуди удобност. 

Го комбинираме со црн елегантен блејзер со ревери.

Кога се модните додатоци во прашање, мала кафена чанта со текстура, впечатливи златни обетки се нашиот избор, кој ќе ја направи комбинацијата уште повпечатлива.

За заокружување на оваа елегантна, а сепак секси комбинација, одбравме сандали на ремче збогатени со пердуви.

Парчињата можете подетално да ги видите и купите на онлајн продавницата на Елена Лука, како и продажните простори во ГТЦ на први кат и населба Аеродром.  

Објавено:
24 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
535 пати
Тагови: 
Елена Лука