Конечно викенд! Оваа сабота се разбудивме со облачно време во градот, но тоа не значи дека треба да останеме дома и да заборавиме на сите планови.

Облечете си топла комбинација во која ќе уживате во текот на целиот ден без разлика што и да правите.

Денешната комбинација се состои од тесни фармерки и лежерно џемперче во крем нијанса надополнети со стилско капутче во кафена нијанса.

Времето веќе ни дозволува да носиме чизми, па денеска одберете ги вашите омилени на мала потпетица во кои ќе се чувствувате удобно во текот на целиот ден.

Имајте супер викенд!

Објавено:
29 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
830 пати