Среда во џемперче, џинс и шапка
•
3 октомври 2018
Утрово се разбудивме со малку облачно време, но тоа не значи дека не треба да одбереме парчиња во светли нијанси со кои ќе го разубавиме денот.
Носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со прекрасно џемперче во неколку нијанси кои совршено се вклопуваат меѓу себе.
Комбинацијата надополнете ја со овие едноставни ниски чизми во светла крем нијанса во кои ќе уживате во текот на целиот ден и со оваа шик шапка во кафена боја.
Уживајте во среќната среда!