Конечно викенд! Без разлика како и да се одлучите да ја поминете оваа сабота, блеснете во полн сјај на прекрасното сонце. Доколку се решите да испиете кафе со најблиските или пак да прошетате во парк, ние ја имаме вистинската комбинација за вас. Утрово се разбудивме со малку пониски температури, па по тој повод добро облечете се пред да излезете. Носиме топло црвено џемперче со интересни апликации и го комбинираме со џинс комбинезон и црвени чизмички до глужд. Со себе понесете ја и оваа фантастична јакничка од превртена кожа која дополнително ќе ве стопли, а секако и оваа модерна црвена чантичка која совршено ќе се вклопи во целиот стајлинг.

Имајте супер викенд!

Објавено:
29 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
580 пати