Понеделник во романтична цветна кошула
•
8 мај 2017
Првиот ден од работната недела се чини дека ќе биде уште потежок од вообичаено со оглед на дождот со кој се разбудивме утринава. Тоа не треба да ве спречи да бидете стилска дама и денеска, со внимателно одбрани парчиња што ќе го развеселат денот. Денеска носиме едноставни светли фармерки и ги комбинираме со романтична кошулка со цветни детали. Утрово температурите се малку пониски, па затоа комбинацијата надополнете ја со оваа шик кафена јакничка. Што се однесува до модните додатоци, кафената чанта со ремче и чевлите во слична нијанса денеска се сосема доволни да блеснете во полн сјај.
Уживајте во денот!