Конечно петок, иако врнежлив. Не дозволувајте дождот да ве спречи да блеснете во полн сјај како што впрочем и планиравте денеска. Носиме едноставни фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со сино – бела кошула со ѕвонести ракави и панделки како една од најпосакуваните за оваа пролетна сезона. Денеска и температурите се малку пониски, па задолжително облечете си го вашето омилено дождовно мантилче, овој пат во цветна варијанта. Чевлите се сребрени и супер удобни, а чантата темно црвена и неодолива.

Имајте супер петок! 

Објавено:
26 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
542 пати