Понеделник во виолетово дождовно мантилче
•
8 април 2019
Првиот ден од работната недела и онака е тежок, а денеска облачното време и дождот го прават уште потежок.
Но, тоа не треба да нè спречи да уживаме во денот и да ја направиме оваа работна недела подобра од кога и да е.
Носиме елегантни црни панталони и ги комбинираме со кошулка во иста нијанса, а целиот акцент денеска го ставаме на ова стилско дождовно мантилче во прекрасна виолетова боја.
Бидејќи очигледно дождот ќе се задржи, комбинацијата надополнете ја со чизми на потпетица и транспарентна чанта.
Уживајте во дождот!
Фото: Pinterest