Конечно викенд! Оваа сабота дотерајте се и направете ги сите работи кои цела недела ги ставивте на пауза. Денеска прошетајте се со пријателките или вашите најблиски и за тоа одберете супер удобна и шик комбинација. Ви предлагаме кусо тексас здолниште со неодоливи цветни апликации од страните во комбинација со тренди маичка во пруги со сладок карнер во предниот дел. Уживајте и искористете го денот максимално со овие неодоливи и удобни патичиња во сребрена нијанса која е слична на онаа со ранчето резервирано за денеска. Иако утрово се разбудивме со облаци, сепак со себе понесете ги и очилата за сонце и уживајте!

Објавено:
6 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
371 пати