Оваа сабота ви предлагаме комбинација во која буквално ќе блеснете.

Одбравме неколку впечатливи парчиња во металик сребрена боја и балансиравме со пастелни нијанси.

Сребрено миди здолниште со реси е супер избор за некоја од претпразничните забави, а денеска го комбинираме со удобен и мек плетен џемпер со висока јака во нежно сина боја.

Оваа комбинација ја заокружуваме со „глитер“ чевли со апликации и мини чанта во бела варијанта што може да ја носите со кратка или долга рачка.

 

Објавено:
2 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
566 пати