Секси среда
•
16 август 2017
Оваа среда имаме еден секси предлог во беж нијанси. Се одлучивме за беж тесно здолниште, со шлиц од левата страна. Она што го прави уште поинтересно се копчињата од истата страна, ременот, како и џебовите украсени во ист стил.
Го комбинираме со краток плисиран топ во кафени нијанси, а на крај ги додаваме модните додатоци - секси беж сандали со ремчиња, чанта во слична нијанса и соодветен кармин.
Доколку сте на одмор или имате забава, а сакате да изгледате секси и привлечно, ова е еден од предлозите како можете да изгледате.
Ви посакуваме убав ден!