Среда во кафени тонови
•
25 октомври 2017
Оваа среда ја боиме во кафени, есенски тонови. Нашата денешна предлог комбинација е практична и топла.
Црната ролка со долги ракави ја комбинираме со здолниште со цветен принт во повеќе есенски тонови, а она што уште повеќе ја збогатува се џебовите и кожените паспули.
На оваа основа додаваме широко, долго кафено палто исто така со џебови. Комбинацијата ја комплетираме со кафени чизми до глужд и чанта во слчна нијанса, а на сето тоа додаваме црна беретка и очила за сонце.
Имајте убав ден!