Денешниот стајлинг е удобен и топол и во омилените зимски бои беж и црна. Оваа среда е создадена за беж teddy капут и црн комбинезон.

Студените денови бараат комотна и топла комбинација што ќе ни овозможи пријатно чувство во текот на целиот ден. 

Овие убави парчиња ќе ги дополниме со удобни и шик, беж чизми на врвки и капче во иста нијанса. Финишираме со чанта и денот може да започне.

Имајте среќна среда.

Фото:Pinterest

Објавено:
20 декември 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот