Среда во бело фустанче и сандали на висока потпетица
•
10 јули 2019
Најсреќниот ден од неделата го дочекавме со малку пониски температури и најави за дожд во текот на целиот ден, но тоа не значи дека не треба да се дотераме.
Денеска носиме бело фустанче со карнер во долниот дел и шармантни копчиња и истото го комбинираме со крем сандали на висока потпетица со стилски врвки.
Комбинацијата надополнете ја со чанта во слична нијанса како сандалите и накит во златна нијанса.
Уживајте во денот!