Понеделник во карирана маичка и фармерки
•
25 јуни 2018
Првиот ден од неделата го дочекавме со прекрасно сонце и супер температура, па да го прославиме со супер комбинација.
Носиме темни фармерки со скинати делови и ги комбинираме со шармантна карирана маичка на прерамки и со карнер во долниот дел.
Додајте и малку боја на комбинација со кафената мини чантичка и сандалите на висока потпетица во слична боја.
Доколку утрово ви се чини малку свежо, комбинацијата надополнете ја со некое шик палто во смирена нијанса.
Имајте супер старт на работната недела!