Вторник во шармантна темно црвена комбинација
•
31 јануари 2017
Вториот ден од работната недела поминете го во стилска темно црвена комбинација составена од светли фармерки со висок струк и лежерно џемперче во бордо боја. Иако утрово се разбудивме со малку повисоки температури, тоа не значи дека треба да се откажете од топлите капутчиња и чизми. Денеска носиме едно во карирана варијанта, а чизмите се супер модерни со дебела потпетица. Чантата денеска е едно од највпечатливите парчиња, особено ако е украсена со овие слатки крзнени детали. По ваш избор, комбинирајте ја и оваа зимска капа со која покрај тоа што ќе се стоплите, ќе изгледате супер модерно.