На Денот на жената одберете елегантна комбинација во која ќе оставите впечаток каде и да се појавите. Денеска носиме романтично здолниште во А – крој со интересен вез по површината комбинирано со црно џемперче со голи раменици. Бидејќи утрово се разбудивме со убава температура, без да се двоумите комбинацијата надополнете ја со јакничка во темно црвена боја и чанта во иста нијанса. Со оглед на тоа што денеска сигурно ќе бидете дел од некоја прослава, задолжителни се и црните потпетици со кои уште повеќе ќе ја истакнете вашата фигура.

Уживајте во овој прекрасен ден!

Објавено:
8 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.052 пати