Добро утро. Утринава сонцето го нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме добро расположени. Нашиот денешен предлог е една лесна и лежерна комбинација, идеална за летните денови.

Панталони со широки ногавици и туника во истата боја со шлицеви од страните ќе ви пружи чувство на лелеавост и леснотија додека ги носите.

Можете да вметнеме некоја марама како моден додаток. Изборот на обувки на фотографијата се влечки, но со оглед на облачното и дождливо време, ако имате некој ваков сличен избор на облека во плакарот, можете да го искомбинирате со патики, мокасини, чевли...

Чанта, очила за сонце, а и чадор ќе бидат модните додатоци кои ќе ви требаат да го заокружите стајлингот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
5 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
522 пати