Среда во бохо шик издание
•
24 август 2016
Конечно дојде и најсреќниот ден од работната недела кој сите го чекаат со нетрпение. По тој повод, денеска носиме стилска комбинација составена од едноставно фустанче со карнери во долниот дел и го комбинираме со модерни сандали со ремчиња во кафена нијанса. Комбинацијата надополнете ја со уникатна чанта во темно црвена боја со златни везови по површината и стилски очила за сонце во кафена нијанса. Од накит единствено носиме бохо часовник во комбинација со алки и секако, нежен кармин кој денеска ни е сосема доволен.
Имајте среќна среда!