На средина сме од работната недела, а оваа среда решивме да ја обоиме во црно и портокалово. Нашата денешна предлог-комбинација се состои од црни фармерки со висок струк, црна кошула со метални копчиња и портокалово палто.

На тоа додаваме чизми до глужд во боја слична на палтото, како и чанта која е во комбинација од двете доминантни нијанси.

Оваа комбинација е лежерна, секојдневна, но сепак со по малку елегантна нота, па идеална за овој претпразничен период.

Имајте среќна среда!

Објавено:
27 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
786 пати