Четврток во риги
•
14 септември 2017
Денешниот наш предлог е една лежерна и удобна комбинација, идеална за завршување на секојдневните обврски или после работното време.
Стајлингот се состои од темносин џинс, со висок струк и ремен во пределот на половината. Го комбинираме со асиметрична кошула на риги, при што едното рамо е откриено.
На тоа додаваме модни додатоци, чанта во слична нијанса со кошулата и риги, ниски сандалки со отворена пета и очила за сонце.
Ви посакуваме опуштен ден!