Нашиот денешен предлог иако е во црна и сива нијанса, сепак е весел, благодарение на принтовите и модните додатоци.

За денес одбравме црни кожени панталони, кои ги комбинираме со бела кошула и сив дуксер со апликација - жолта круна, за сите што се чувствуваат како принцези или кралици.

На тоа додаваме капут исто така во црна нијанса, со кожени детали, црна поп-арт чанта и сиви чизми до глужд.

За поголема самодоверба, ставете црвен кармин, доколку работното место ви го дозволува тоа. 

Среда е, нека биде среќна!

Објавено:
1 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
596 пати