СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Среда во леопардски принт
•
6 јули 2022
Добро утро!
Оваа среда зачекорете во урбаната џунгла со самодоверба на дива мачка, а притоа зачувајте го чувството за отменост. Еден ваков макси фустан со впечатлив леопардски принт, засек и ракави може да изгледа формално доколку го искомбинирате со елегантни чевли со високи потпетици.
Но, за дневните активности одлучете се за лесни патики кои заедно со очилата за сонце ќе ѝ дадат лежерен изглед на комбинацијата. Додадете чанта во впечатлива која која ќе отскокне од принтот и ќе го освежи целосниот изглед.
Ви посакуваме убав ден!