СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Среда во миди фустан со црвени цветни детали

17 август 2022

Добро утро!

Не постои подобар избор од удобен цветен фустан за зрелите летни денови. Нашиот предлог за оваа среда е едноставна комбинација од памучен миди фустан со цветен дезен и кратки ракави. Овој фустан со копчиња, чиј горен дел визуелно се одвојува од долниот преку различната боја и панделката која се врзува на половината, неодоливо го рефлектира женствениот француски лежерен стил, често присутен на париските улички за време на летните месеци.

Фото: Pinterest

Во комбинација со елегантни бели сандали и плетена корпа наместо чанта, ќе постигнете уникатен летен изглед.

Имајте убава среда.

Објавено:
17 август 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
448 пати