Дури и да не сте тип кој сака многу да се дотерува, веруваме дека сонцето ве поттикнува да изгледате добро како и времето надвор.

Ние се одлучивме денешниот предлог да биде во весели, пролетни бои. Панталоните со висок струк се во окер нијанса, а ги комбинираме со маичка на куси ракави, која има интересни, заоблени рабови.

На тоа додаваме мантил со необичен принт во комбинација на интензивни бои што ќе внесат уште повеќе живост во стајлингот.

Комбинацијата ја завршуваме со колор-блок чанта во окер и бела нијанса, како и чевли со ремче во истата комбинација.

Имајте прекрасен ден!

Објавено:
14 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
657 пати