Среда во панталони со фалти и долго палто
•
10 јуни 2020
Добро утро. За оваа среда ви подготвивме нова предлог-комбинација. Комбинацијата се состои од панталони со фалти во нијанса на лаванда.
Бела асиметрична маица и бело долго палто се парчињата кои совршено се вклопуваат во аутфитот. Сандали на ремче, мала црна чанта се модните додатоци со кои стајлингот е заокружен, на фотографијата.
Вие можете да ги замените со поголема чанта и чевли на висока потпетица, или елегантни балетанки, секако ќе изгледа убаво.
Ви посакуваме убав ден :).