Среда во тексасно здолниште + блуза
•
20 октомври 2021
Добро утро. Се надеваме дека и овој ден ви започнува со нас.
Ние пак, како и секое утро, ве инспирираме со предлог стајлинг.
Овој пат се работи за комбинација составена од тексасно здолниште со шлиц и црна едноставна блуза. Здолништето е украсено со детали, кои можете и сами да ги направите со некој интересен конец или паспули, или можете да ставите безопасни - изразете ја креативноста.
А и не мора да има ништо, изборот е ваш. Модните додатоци во црвена боја ја прават комбинацијата уште повпечатлива, а вие одберете ги вашите омилени и имајте среќна среда!