Добро утро. Денеска е среда, па се надеваме дека ќе ви биде среќна :)

Нашиот денешен предлог е долго здолниште на преклоп во темнозелена нијанса, во комбинација со блуза во црвена нијанса.

На тоа е додаден крзенен шал кој ја истакнува комбинацијата, а изборот на обувки се чизми до глужд иако, може да ги замените со високи.

Секако, изборот на боја можете да го прилагодите на вашиот гардеробер. 

На крајот додадете капут и чанта.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
27 јануари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
551 пати