Среда во беж панталони и капут и бордо џемпер
•
18 декември 2019
Добро утро.Среда е, посакуваме да ви биде среќна!
А за расположението може да придонесе и вашиот изглед. Нашиот предлог за тоа како можете да се дотерате денес (или можете идејата да ја искористите за некој друг ден) се состои во една впечатлива комбинација.
Широки беж панталони се парче кое може да ви се најде во многу пригоди. Во случајов е искомбинирано со долг џемпер со ролка во темноцрвена нијанса.
На тоа е додаден беж капут, додека изборот на обувки се салонки во речиси иста нијанса со џемперот. Вие можете да ги замените и со високи чизми на пример.
Додадете убав кармин и чанта.