Добро утро! Се надеваме дека имате убаво и релаксирано саботно претпладне. Ние денот го започнуваме со стандардната рубрика - стајлинг на денот.

Ако планирате денеска да шетате и да го искористите времето за прошетка, ручек со пријателите или можеби шопинг, ние имаме предлог како би можеле да се дотерате.

Беж и кафените нијанси никогаш не се досадни, ако знаете како да ги искомбинирате. Денешниот предлог е токму во таква монохроматска нијанса, но изгледа урбано и интересно.

Тесни панталони или хеланки од велур (а и не мора да се токму од таа тканина) во комбинација со топол, волуменозен беж џемпер е нешто со што не можете да згрешите.

На тоа додадете долг кариран капут исто така во беж и кафени нијанси. Комбинацијата заокружете ја со масивни патики и чанта, а можете да додадете и волуменозен шал.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
18 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
909 пати