Среда во темно црвено
•
29 јуни 2016
Оваа прекрасна среда се разбудивме со одлично време и конечно може малку да здивнеме од летните горештини. Без двоумење, денеска одберете стилско фустанче со неодолив цветен принт и комбинирајте го со црни шик балетанки. Што се однесува до модните додатоци, носиме и слатка црвена чантичка и секако, задолжителните очила за сонце. Уживајте во денот без шминка, единствено нанесете темно црвен кармин со кој ќе оставите впечаток каде и да се појавите.