Што да облечете денес?

4 април 2015

Оваа сабота конечно се разбудивме со сонце! По тој повод, решивме да прославиме со неодоливо цветно фустанче што го комбинираме со шармантно сино џемперче со карнери во предниот дел. Обувките денеска се во слатка зелена боја и засега, сосема соодветни за времето. Бидејќи обврските денеска се намалени, без двоумење оваа комбинација надополнете ја со плик чантичка во крем боја и слатки елегантни обетки во неколку бои. Очилата за сонце денеска се задолжително парче, а доколку сѐ уште не се чувствувате храбри за оваа пролетна комбинација, со себе понесете и бела куса јакничка за секој случај!

Имајте прекрасна и исполнета сабота со драги луѓе!

Објавено:
4 април 2015
Категорија: 
Тренд