Во тек е модната недела во Париз, па затоа се одлучивме стајлингот на неделата да биде од улиците на овој моден центар. Имајќи го на ум минималистичкиот, елегантен и софистициран изглед на парижани, се одлучивме оваа недела да презентираме урбана-шик мода. Комбинацијата од фармерки подвиткани во долниот дел, маица со впечатлив принт во комбинација со капут, односно долго широко палто се вистинскиот избор за посвеќе пригоди. За елегантната нота особено придонесуваат металик салонките со тока со интересен дезен. Со оваа комбинација одлично ќе се вклопите и во дневната и во вечерната шема, доколку одберете некои полежерни места. Во овој случај моден додаток е чадорот, во популарниот кариран дезен, за непредвидливото време. Иако едноставна, оваа комбинација ќе остави впечаток, што поради чистите линии и едноставноста, но и по начинот на кој што ќе ја носите.
•
1 март 2014
Објавено:
1 март 2014Категорија:
Стајлинг на денот