Стајлинг на неделата #74: колоритна бунда + дуксер и „цигара“ фармерки

3 ноември 2014

Умешноста да го парира споивото со неспоивото,  ја има „ит“ девојката Алекса Чанг. Кога би ги погледнале засебно парчињата што таа ги комбинирала, можеби никогаш не би ги согледале како одличен пар. Во вакво модно светло, Чанг е фотографирана пред само неколку дена во Њујорк, а комбинацијата е доказ дека отмените бунди се идеални и како спој од спортско-урбани стајлинзи. Во случајот шарената бунда од брендот Shrimps, Алекса ја комбинирала со едноставен памучен сив спортски дуксер, која пак го надополнила со црни „цигара“ фармерки и рамни кожени чизми исто така во црна боја. Впечатливата комбинација таа ја финиширала со црните очила за сонце во мачкаст облик. Алекса и овој пат покажа дека знае како да се чувствува удобно, а истовремено моќно и модерно.

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот