Стајлинг на неделата #75: Елеганција во црно со макси панталони + краток топ

11 ноември 2014

„Доцна навечер“ гостинка на Дејвид Летерман му беше славната поп-икона и актерка Џенифер Лопез. Поводот за нејзиното гостување е поврзано со неодамна објавената автобиографија „Вистинска љубов“,  која открива непознати детали од приватниот живот на Лопез. За ТВ настапот таа се одлучила за моќна и елегантна монохроматска комбинација во црно, сочинета од ултра трендовки парчиња.

Преку асиметричниот краток топ, Лопез ја покажа одличната фит -форма од затегнатиот стомак, а истиот го споила со исто толку актуелните класични панталони со висок струк и широки макси ногавици. Парчето што jа заокружува целата комбинација е предимензионираното црно сако во машки крој, кое дополнително ја нагласува моќта на елеганцијата. Сексапилната актерка и пејачка го запазила минимализмот во целост, избирајќи дискретна алка, обетки и прстени во сребрена нијанса, кои пак’ перфектно контрираат на целосниот стајлинг. Опкружена од многу фотографи и обожаватели, Лопез  трпеливо и гордо уште еднаш и покажа на јавноста дека е вистинска Дива и модна икона.

 

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот