Стајлинг на неделата #53: Монохроматика + сребрено-златни аксесоари

16 јуни 2014

J

Стајлингот што оваа недела го избравме како најдобар го носи славната актерка Џесика Алба. Дека старото правило за истовремено комбинирање на сребрена и златна нијанса аксесоари е погрешно и  одамна прекршено, доказ е токму овој успешен стајлинг. Убавата актерката со ваков аутфит се појави на гала вечера во Њујорк. Џесика умешно споила монохроматски фустан во силна црвена боја кој има интересни пресеци во пределот кај половината и делува како краток топ. Фустанот е надополнет со накит во златна нијанса од Џил Голден, златна клач чанта од Корто Молтедо и сребрена нијанса на сандали од Брајан Атвуд.

 

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот