Џесика Алба е вистинска „златна“ кралица во Турција!

24 јуни 2014

Очигледно престојот во Турција магично и влијае на прекрасната Џесика Алба со оглед на тоа што на доделувањето на 41 издание на Magnum Golden Butterfly наградите таа изгледаше како вистинска “златна“ кралица во тоалета на дизајнерката Ромона Кевеза.

Прекрасната 33 годишна актерка одличната тоалета ја комбинираше со едноставна и нежна шминка и фризура и клач чантичка во златна боја на Џени Пакам.

Таа пристигна во Турција во петокот специјално за доделувањето на наградите, но дефинитивно уживаше во магијата на волшебната Турција неколку дена според фотографиите што постојано ги поставуваше на нејзините профили на социјалните мрежи.

Па така, неколку пати можевме да ја видиме како ужива во турското кафе, локумот, некои од најпознатите знаменитости на земјата, но и како ужива на Босфорот заедно со нејзините пријатели.

41 – то издание на Magnum Golden Butterfly наградите се одржа во прекрасниот Зорлу Центар во Истанбул, награди кои што оваа година се оддржуваат во чест на жртвите од несреќата во рудникот Сома и протестите во паркот Гези во Истанбул.

Џесика Алба беше почесен гостин на годинешното доделување на филмските награди организирано од турската национална телевизија каде таа имаше одличен говор со кој ја отвори манифестацијата.

Во продолжение погледнете ги фотографиите на прекрасната актерка од нејзиниот престој во Турција, но и турските ѕвезди кои блеснаа на наградите Magnum Golden Butterfly.

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Сцена