Стајлинг на неделата #8: бело плисирано здолниште + нагласена половина

26 јуни 2013

Црно-белата е најсигурна варијанта за оваа сезона, меѓутоа сепак модните парчиња во оваа комбинација потпишани  од Џејсон Ву привлекува особено внимание поради математички прецизно синхронизираните детали. Бело плисирано здолниште над колената и нагласената половина  со црн ремен го ставаат фокусот на женственоста кај еден од најатрактивните кинески женски модели Лиу Вен. Целиот изглед е суптилно комплетиран со мини црна чанта преку рамо и високи потпетици до глужд со отворени прсти.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот