Стајлинг на неделата #88 : принт од омилениот бенд + џинс
•
20 февруари 2015
Познатата модна блогерка Кјара Ферагни која се потпишува зад блогот „The Blonde Salad by Chiara Ferragni“, беше една од највпечатливите гостинки на вчерашната ревија на Марк Џејкобс во рамките на Модната недела во Њујорк.
Во елитните кругови на присутната публика, таа ја донесе уличната мода со сите нејзини обележја. Нејзиниот уникатен изглед вклучува: маичка со принт од Дејвид Боуви, крзнено палто во јака црвена боја и фармерки во цигара крој.
Урбаната стилска приказна е заокружена со удобни ниски чевли, мини чанта и интересно капче што наликаува на оние од полицајските униформи.