На изложбата по повод 40-годишнината од дизајнерската кариера на Џорџо Армани, голем дел од присутните гости носеа токму негов дизајн. И несомнено стилската слика на вечерта е префектна.

Особено се издвојуваше незаменливата Кејт Бланшет која и во оваа прилика покажа зошто е една од највлијателните модни икони на денешницата.

Црно-белата комбинација и покрај тоа што важи за класика, сепак Кејт особено во спој со Армани, секогаш успева да се издвои со својата оригиналност и начинот на кој што ја носи облеката на себе. Овој пат неприкосновената актерка носи бел костум со совршен крој , а акцентот е ставен на црниот појас околу половина, што е модернизирана верзија на појасот инспириран од источната култура.

Совршениот тен и едноставната шминка и фризура, ја надополнуваат целосната слика.

Објавено:
7 мај 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот